
В ЕНА З НА





musik on/off
Снајпер:
Што претставува всушност снајперот:
Името доаѓа од Англискиот збор ''Sniper" што во превод би дошло Одличен стрелец,
онај кој одлично ја владее вештината на стрелање.Но зборот Снајпер за нас претставува убиствена и многу прецизна пушка сонишанска справа,а човекот кој ракува со таква пушка се нарекува СНАЈПЕРИСТ.
Конструкторот Морган Џејмс(сад)уште во 1848 година на пушка од типот "Becnchester"
и вградил телескопски нишан.После една деценија во САД во граѓанската војна еден
Тим на стрелци бил опремен со таа пушка.Тој тим служел само за специјални намени(првите модерни специјалци)

БританскатаАрмија уште во Првата светска војна вовела употреба на тоа ефикасно
огнено оружје-Полуавтоматска Пушка со со оптички нишан,нишанска справа која значително ја зголемува видливоста на целта асо тоа и прецизноста на гаѓање.
За тоа се заслужни нишанските справи Дурбини кои повеќе пати ја зголемуваат
видливоста на целта,односно метата.
Тоа се пушки вооглавно со полуавтоматско дејство,со рамки од пет до дванаесет куршуми.
Нај ефикасни се на далечина од 800 метри,но тоа се пушки со средни вредности на
нишанските справи,додека оние со многу прецизни нишански справи се ефикасни и до
1800 метри.Значи можеме да заклучиме дека ефикасноста најмногу зависи од квалитетот на нишанските справи,но и од точното одредување на далечината до целта.Па затоа производителите упорно работат на развој на минијатурни ласерски далечино метри во што најмногу се истакнува Германската фирма Маузер.Муницијата на Снајперската пушка се разликува по калибарот,кој го одредуваатпроизводителите.Па така производителите на Западниот пазар произведуват муницијасо калибар 7,62x51 мм.Освен Французите кои произведуваат 7,5x54мм.Руската пушка СВД има муниција со калибар 7,62x54мм.Но да гледаме реално можеби овие податоци повеќе не се исти,затоа што во изминативе години многу е работено на ова,бидеќи воената индустрија е предизвик и достигнување насекоја развиена земја.Што се однесува на производителите на оружје од Поранешна Југославија,Црвена Заставапроизведува Полуавтоматска Снајперска Пушка( ПАСП) М-76 со калибар 7,9мм и калибар7,62мм,Тука спаѓа и пушката М-93 со калибар 12,7 мм позната под името "Црна Стрела".Прецизноста на оружјето се менува со бројот на истрелани куршуми,а досегашните резултати при проверка покажуват дека прецизноста се намалува,но не влијае многу,после 10.000истрелани куршуми.Но после десет до дваесет иљади истрелани куршуми прецизностасе намалува за приближно 10%.Нема современа Армија во светов во чии арсенал на оружје не постои СнајперскаПушка.Па и кај нас во АРМ е застапена Снајперската пушка односно Снајперот.
Полуавтоматска снајперска пушка
7,9мм М 76:
Полуавтоматската снајперска пушка 7,9мм М 76 е наменета за уништување наважни поединечни откриени и маскирани цели на поголема далечина.
Успешно дејство на снајперската пушка на откриени и добро видливи цели дење се постигнува на далечина и до 1000 метри.Најуспешно дејство се остварува на 800 метри.
На нисколетечки Авиони и Хеликоптери,како и падобранци,снајперската пушка успешно дејствува на 500 метри.
Ноќе најуспешни резултати се постигнуват на далечина до 400 метри.
За гаѓање со снајперска пушка се користи снајперски куршум и обичен куршум 7,9 мм
За денско гаѓање се користи механички и оптички нишан М76 до 1200 метри а
пасивниот нишан 5xx 80 до 500 метри.Максималниот домет на зрното е до 5000 метри.
Но да проговориме и за други две снајперски пушки .Едната е од Српско а другата од Хрватско производство.
М93 ЦРНА СТРЕЛА:
Снајперската пушка М93;Црна стрела; е коструирана во деведесетите години од минатиот век.Наменета е за уништување на различни мети,на разни далечини,климатски услови и терени.Пушката е репетирка и работи на принципот ;Mauser; .Црна стрела се произведува во два калибри:
-12,7x108мм и 12,7x 99мм.
*Наменета е за уништување на важни поединечни и групни откриени и маскирани цели на голема далечина.
-Успешно дејствува на откриени и добро видливи цели до 1800 метри
-На неборбени возила до 1800 метри
-На борбени возила до 800 метри
За гаѓање се користи боев куршум 12,7 мм
*Б-32 со панцирно запалливо зрно(врвот е обоен со црвена боја)
*Б3Т-44 со панцирно запалливо обележувачко зрно(врвот е обоен со црна боја)
-Пушката се полни со рамка од 5 куршуми
-
Тактичко-технички Карактеристики:
Калибар 12,7 x108мм- 12,7 x99мм
Тежина на пушката 16 кг -14,5кг
Должина на пушката 1670 мм -,1540 мм
Должина на цевката 1007 мм -840мм
Капацитет на рамката 5 куршуми-,5 куршуми
Почетна брзина на зрното 820 м/с- 888 м/сЕфикасен домет 1600 м -1600 м
Оптички нишан 8x 56 - 8 x56

MACS М2-А/М3:
Е Хрватска тешка снајперска пушка наменета за дејство против жива сила,неоклопни
и лесно оклопни возила,приземјени воздухопловни летала,радарски и други антени,
центри за врски и командни места на далечина до 1500 метри.
Може да се користи и за борба против снајперисти и за уништување на неексплодирани
убиствени средства.Користи куршуми со калибар 12,7 x99 мм.Цевката е со должина
од 790 мм,а на незиниот крај се наоѓа трикоморна гасна кочница која ја смалува енергијата на трзај речиси за 60%.Почетната брзина на зрното е 855 м/с.
Со пушката се испорачува и оптички нишан Kahles ZF 10 x42,а механички нишани
не се предвидени.На оружјето се поставуваат и склопувачки двоножци.
ССо понатамошниот развој на пушката MACS М2-А,настанала пушката МACS М3
Оваа пушка е со скратена цевка од 760 мм. и тежина од 8,8 кг со се двоножецот и
оптичкиот нишан.
Тактичко-технички карактеристики на
Калибар 12,7 мм,-12,7 мм
Тежина на пушката 11,3кг,-7,65 кг
Тежина на двоножецот 0,4 кг,-0,45 кг
Тежина на оптичкиот нишан 0,7 кг,-0,7 кг
Вкупна тешина на пушката 12,4 кг,-8,8 кг
Должина на пушката 1470 мм,-1100 мм
Должина на цевката 790 мм,-760 мм
Капацитет 1 куршум,1 куршум
Почетна брзина на зрното 855 м/с,-850 м/с
Ефикасен домет 1500 м,-1500 м
Оптички нишан 10 x42,-10x 42
Па направете споредба помеѓу овие две пушки.Слични се нели?
