top of page

Ориентација

Поим за Ориентација

Да се ориентираш на земјиштето значи да ја одредиш својата местоположба и движење во однос на страните на светот и објектите на земјата,а во борбени услови и во однос на распоредот на своите сили и силите од непријателот.

Ориентацијата на земјиштето може да биде:

-Географска

-Топографска

-Тактичка

 

Географската ориентација-се состои во пронаоѓањето на страните на светот.Обично се пронаоѓа само една страна,а тоа е страната север.

Страните на светот се пронаоѓаат со помош на рачна бусола,а можат приближно да се одредат со помош на :сонцето,познато време,часовник,месечината,објектите и знаците на земјиштето.

Кога се знае една од страните на светот другите е лесно да се одредат затоа што ако со лицето сме свртени кон север,десно е исток,лево запад,а зад нас е југ.

 

Топографската ориентација се состои во одредување на стојните точки и запознавање со земјиштето што не опкружува.

 

Тактичка ориентација значи проценување на својата местоположба во однос на своите и непријателските единици.

 

Одредување на страните на светот

Одредување на страните на светот со помош на Рачна бусола

 

Движење со помош на Бусола и Азимут
Пред се да ве запознаам што е тоа бусола а што е тоа азимут (претпоставувам дека поголем дел не знаат)
Бусола е нешто налик на компас но со некои дополнителни компоненти, ова поточно се нарекува бусолен инструмент (ги има рачни, геодетски, артилериски и тн.)
За да ви објаснам како оди сето тоа ќе се служам со помош на  рачна бусола M-53 (Види слика подолу како изгледа)

Мислам дека овај тип на бусоли кај нас е нај застапен.

Рачната бусола М-53 е наменета за ориентација и мерење на хоризонтални и вертикални агли, одржување на правец на движење и слично. Се состои од два главни дела, и тоа делот на бусолата кое го чинат неподвижна плоча и подвижен прстен и поклопец на бусолата. На неподвижниот дел на трите страни се гравирани линиар со милиметарска поделба и координометар. Подвижниот дел од телото на бусолата се состои од кружна кутија во која е сместена магнетната игла, а на кружниот прстен се изгравирани ознаки за страните на светот и поделци во илјадити од 0 до 6400 со вредности од 0 - 50, а од горната страна степени од 0 до 360.
Поклопецот на бусолата од внатрешната страна е опремен со огледало и со процеп за визирање. На левата и десната страна од страните на поклопецот, се наоѓаат процепи за мерење позитивни и негативни вертикални агли.
Доколку ги познаваме карактеристиките на бусолата со неа можеме да мериме

1. изнаоѓање на правецот север,
2. мерење на магнетен азимут
3. изнаоѓање на одреден предел со правци од познат азимут и
4. одржување на правецот на движење.



 

Изнаоѓање на правец север- југ со помош на бусола

Доколку сакаме да го најдиме правецот север-југ со рачната бусола треба да ги проследиме следните чекори:
1. Бусолата се поставува во нулта позиција, односно има покрај секоја буква (која означува страна на светот) по една точка таа точка да се поклопи со линијата (од телото на бусолата), север секогаш се поставува да покажува према напред (према огледалото и нишанот).
2. капакот се затвора во положба од околу 60 степени
3. бусолата се држи во висина на очите на 30-40цм подалеку од телото, со огледалото према нас.
Со вака поставената бусола се вртиме во круг на исто место и гледаме во огледалото, линијата од огледалото треба да се поклопи со магнетната игла која обележува север југ ( најчесто иглата е обележана за правецот кој покажува према север (на сликата е црвено бојадисана). Откако ќе заземеме некоја ваква положба каде што се поклопени стрелките со линијата, низ отворот од нишанот визираме некој поголем предмет (куќа, дрво и сл.), тој ни означува север, према тоа можеме лесно да ги најдиме останатите страни.

Мерење на азимут

Ориентацијата многу често се спроведува со мерење азимути од некоја стојалишна точка на објекти. Мерењето азимут се врши така што:
1. бусолата се припрема за работа односно се зазема нулта позиција и се затвора капакот за околу 60 степени
2. преку процепот на бусолата се нишани на избраниот објект (како цел),
3. така нишанејки со палецот се врти подвижниот прстен на бусолата се додека не се поклопи црната линија на бусолата со ознаките за север и југ во кутијата со соодветниот правец на магнетната игла,
4. така добиената вредност се очитува на соодветата скала во илјадити или степени.
Разликата помеѓу два различни азимути мерени од иста точка претставува хоризонтален агол.


Правци од познати азимути

Во практиката ориентаијата често пати претпоставува одреување на правци, ако се познати азимутите од одредена точка до одреден објект.
1. најпрво, со некој од поголемиот број начини да се пронајде точката, од која се мерени зададените азимути
2. на бусолата се зазема зададениот азимут
3. се подига во висина на очите и се вртиме додека не се поклоат црната линија на бусолата со ознаките за правецот север југ.

Одржување правец

Правило е ориентацијата да се спроведува постојано, според тоа таа се спроведува и при движење. Во оваа смисла одржувањето на правецот на движење по одредена патека претставува поседување на шема за движење на која се назначени азимутот на одредени правци и растојанијата од една до друга точка.

Саканиот правец на двжење со помош на рачна бусола се спроведува како опишаната постапка за изнаоѓање правци од познати азимути, со тоа што во случајот, бидејќи се присутни поголем број на точки податокот за растојанието од една до друга точка е прилично прецизен, што значи од познатата точка се одредува зададениот азимут, во тој парвец се движиме колку што изнесува зададенот растојание со што се одредува наредната стојна точка од каде се повторува се до целта.



Одредување правец со помош на часовник

Доколку поседуваме карта и бусола, лесно би се снашле низ природа.
.

За да можеме да се ориентираме во природата постојат и други методи како што набројав погоре, еден од тие методи е ориентација со помош на рачен часовник.

За да можеме да се ориентираме со рачен часовник, со стрелки.

За да мерите поставете го часовникот така да стрелката која означува часови(малата сказалка) е во правец према сонцето, симетралата на аголот помеѓу малата сказалка и бројот дванаесет го покажува правецот југ.

пр. ако е 6 часот (попладне) го поставуваме така да 6-та е према сонцето, од 6 до 12 има уште 6 „полиња“ пола од тоа е 3, значи кај што ќе покажува 9-та е југ.

Овај метод работи дури и ако не се гледа сонцето, едноставно на некој бел предмет поставете нешто нагоре и ќе видите на каде паѓа сенката, во спротивна страна од сенката се наоѓа сонцето .

 

одредување правец со помош на ѕвезди и месечина

1. Определување на правец со помош на ѕвезди

Доколку патувате ноќе, а немате никаква опрема можете да се ориентирате према поларната ѕвезда, оваа е една од посјајните ѕвезди кој со голо око се гледаат, таа е секогаш на север, се пронаоѓа со помош на соѕвездието голема мечка (голема кола) (иако мене на тава ми личи :)), тоа е соѕвездие составено од 7 ѕвезди, доколку повлечиме имагинарна линија помеѓу неговите 2 последни ѕвезди и нивното растојание го зголемиме за околу 5 пати во исти правец како и имагинарната линија ќе стигнеме до соѕвездието мала мечка, крајната ѕвезда на ова соѕвездие е поларната ѕвезда (види слика).

2. Одредување на правец со помош на месечина

При ведра ноќ правeцот на сeвср може да се открие и со помош на Месечината. Младата Месечина, во облик на срп се гледа веднаш по заоѓањсто на сонцето на запад, прва чeтвртина, светлиот полукруг кој личи на буквата О излегува на пладне, а околу 18 часот сe наоѓа на југ. Полната Месечина, потполно тркалeзна секогаш се наоѓа спроти сонцето: излeгува на исток веднаш по заоѓањето на сонцето. На полноќ се наоѓа на југ, а наутро е на запад. Послeдна четвртина која личи на исполнета буква С излегува на полноќ на исток, а околу шест часот наутро е на југ.

Ориентација во природа со помош на дрва

Ова се веке познати методи за ориентација во природата, но не е лошо да се спомнат повторно, да напоменам, значи пред да се определите за некој правец, прво погледнете ако е потребно и 100 дрва, пошто само со едно дрво не можите да бидите сигурни околу точноста.1.Годовите од дрвата, кој ги прикажуваат годините на дрвото, од северната страна се потесни а од јужната пошироки.2.Мовта која расте на дрвата на север е почеста отколку на југ.3. Крошните на дрвата на југ се побујни одколку на север.4.Кората на северната страна на дрвата е порапава, на јужната е помазна.

Исто така постојат и други предмети и објекти кој се корисни и вреди да се спомнат.(погледни слика).

 

 

© 2023 by воена зона

  • w-facebook
  • Twitter Clean
  • w-googleplus
bottom of page